Утрински Весник
Македонија

Го претепале па на сила го ставиле во „ауди“: полицијата уапси маж од струшко и 25-годишна жена од Албанија

Кривична пријава против две лица од Скопје за давање поткуп на вработена во Одделението за урбанизам

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, ноќеска околу 1 часот и 35 минути на магистралниот пат Тетово-Гостивар, на наплатната станица Гостивар, ги лишиле од слобода Б.Н.(42) од струшко Велешта и 25-годишната Д.Д. од Република Албанија.

dobivaj vesti na viber

Тие претходно биле пријавени од 34-годишниот стружанец А.А. дека еден час пред тоа во Скопје Б.Н. со употреба на сила го внел во неговото возило „ауди“ и од Скопје се упатиле кон Струга.

Според пријавеното, Б.Н. и физички го нападнал поради нивни нерасчистени должничко-доверителски односи.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата