Утрински Весник
Свет

22 лица се повредени во судир на патнички воз и локомотива во Шпанија

Несреќа се случи во североисточна Шпанија кога регионален патнички воз и локомотива директно се судрија, при што беа повредени 22 лица, јавуваат тамошните медиуми.

Регионалната влада на североисточна Каталонија објави дека пет од 22 лица се во тешка состојба, пренесува АП. Судирот се случил во неделата доцна навечер во близина на градот Вила-сека, јужно од Барселона, а во возот имало 75 патници.

Шпанската железничка инфраструктура соопшти дека локомотивата имала проблем со сопирачките, а истрагата за судирот е во тек.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на пругата и денеска останал во прекин.

Можете да прочитате

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија

Санчез бара отворање на Хормуз: Светот не смее да ја плати цената на оваа војна