Утрински Весник
Македонија

21-годишник пукал со пиштол на семејна веселба

Policija 8.jpg

Денеска во 09:50 часот, бил извршен разговор со 21-годишниот Д.П. од Кочани откако претходно била добиена пријава дека вчера околу 12:30 часот на семејна веселба во Штип испукал неколку куршуми во воздух од пиштол „Екол специјал 99“ за кој не поседувал документација.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а полициски службеници ги подигнале чаурите за понатамошна постапка.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

50. „Марш за ангелите“ – родителите бараат интензивирање на судењето

Скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

15-годишник силувал малолетничка, делото го снимил, па ја уценувал