Утрински Весник
Македонија

209 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење

209 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, 11 санкции за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и шест мерки за користење мобилен телефон, четири за непрописно престројување, пет санкции за некористење сигурносен појас, 81 мерка за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Можете да прочитате

Косовец баран преку Интерпол уапсен на ГП Блаце

Собранието ја усвои потребата за укинување на „Пржинската влада“

Засилен интензитет на тактичките активности на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26″