Утрински Весник
Македонија

163 санкционирани возачи во Скопје, 72 за брзо возење

163 санкционирани возачи во Скопје, 72 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за некористење сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Опожарени три возила во Скопје

За случајот со натепаните момчиња, поведена е постапка и шест полицајци ќе бидат суспендирани, информира МВР

Охриѓанец почина откако му се превртело кануто