Утрински Весник
Свет

15-годишно момче почина во грчкото одмаралиште Неа Флогита

15-годишно момче почина во грчкото одмаралиште Неа Флогита

Тинејџер почина во морето во популарно грчко одморалиште. Според извештаите, тинејџерот бил извлечен од водата во несвест и набргу бил прогласен за мртов, додека самиот инцидент се случил околу пладне во неделата во Неа Флогита, Халкидики, Грција.

dobivaj vesti na viber

Како што објавија грчките медиуми, роднина на тинејџерот наводно видела дека тој е со лицето надолу во водата, но прво помислила дека се шегува. По неколку секунди му пришла и сфатила дека не се движи. Го свртела и видела дека од неговата уста излегува пена.

Малолетникот веднаш бил изваден од морето и извесно време се правело обид за реанимација. За неколку минути на местото на настанот пристигнала брза помош која го однела младиот човек во Здравствениот дом во Мудања.

За жал, спас немало за несреќниот млад човек.

На плажата во тој момент имало спасител, но неговите обиди да го спаси тинејџерот биле неуспешни.

Се уште не се знае дали е турист и од која земја, како и од што починал, пренесува „Мондо“.

Можете да прочитате

Почина основачот на Си-ен-ен, Тед Тарнер

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ плови кон Црвено Море и Аденски Залив

Багеи: Иран го разгледува предлогот на САД и своите ставови ќе му ги пренесе на медијаторот, Пакистан