Утрински Весник
Македонија

15 годишно дете на мотоцикл повредено во сообраќајка во Охрид

Motormvr.jpg

На 13.08.2026 во 14:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Јабланица” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од с.Калишта, струшко и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид.  Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Охрид. 

Можете да прочитате

50. „Марш за ангелите“ – родителите бараат интензивирање на судењето

Скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

15-годишник силувал малолетничка, делото го снимил, па ја уценувал