Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар, кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Sdsm1.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.

Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави.

Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни.

Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар?

Нема документ. Нема извештај. 

Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар.

Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила?

Кој го потпишал извештајот?

Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните?

По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања.

За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина.

Бидете барем еднаш сериозни и одговорни – објавете документ.

Можете да прочитате

Ученик нападнат од врсници во училишен тоалет во Радишани 

Училиште во Охрид пријавило мајка која физички ја малтретирала ќерка си

Образованието треба да ги подготви младите да носат одлуки и во услови на неизвесност