Утрински Весник
Македонија

133 санкционирани возачи во Скопје, 21 за брзо возење

10 санкции за непрописно вградени фолии

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол.

dobivaj vesti na viber

Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола