Утрински Весник
Магазин

Џулија Робертс со порака за сопругот по повод годишнината од бракот

Таа е кралица на романтичните комедии од 90-тите.

dobivaj vesti na viber

А во нејзиниот личен живот Џулија Робертс (54) исто така се чини дека е експерт за прашања поврзани со срцето додека ја слави 20-годишнината од бракот со сопругот Дени Модер (53).

Робертс се огласи на социјалните мрежи, каде што сподели заматена фотографија од нив двајцата, и напиша: „Не можам да престанам да се смеам и не можам да престанам да те бакнувам“.

Робертс се омажи со снимателот Модер во 2002 година, а се сретнаа на снимањето на филмот „Мексиканецот“ (2001) во кој таа глуми со Бред Пит. Двојката има три деца, близнаците Фајнес и Хејзел (17) и Хенри (14).

Џулија доби можност да го покаже својот потенцијал во филмовите „Задоволство“, „Мистична пица“ и „Челични магнолии“.

Познатата филмска дива стекна светска слава во деведесеттите со „Убава жена“, „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Висока мода“, а во 2001 година доби „Оскар“ за најдобра женска улога за нејзината изведба во филмот „Ерин Брокович“.

Таа ги освои срцата на публиката со својата позитивна енергија и харизма.

Џулија беше во врска со неколку познати холивудски актери, меѓу кои Кифер Сатерленд, Бенџамин Брет, Џејсон Патрик и Метју Пери.

Можете да прочитате

Во полн ек се теренските истражувања на дивиот свет во Преспа

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026

Финансиски хороскоп за јуни: Кој ќе заработи, а кој мора да штеди