Утрински Весник
Свет

Џо Бајден ќе пие чај кај кралицата

Џо Бајден ќе пие чај кај кралицата
Ss2

Бакингемската палата потврди дека кралицата ќе им биде домаќин на американскиот претседател и првата дама во замокот Виндзор викендов.

Со ублажување на рестрикциите по строгиот локдаун во Велика Британија, монархињата  се враќа на личните должности – на радост на кралските фанови. Еден од нејзините претстојни ангажмани е особено историски, бидејќи таа се подготвува да биде домаќин на американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата посета на Велика Британија, негово прво претседателско патување во странство.

300x250 (7)

Бакингемската палата официјално ја потврди веста, со соопштение од Royal Communications кое гласи: „Кралицата ќе се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави и првата дама Џил Бајден во замокот Виндзор во недела на 13 јуни 2021 година.“

Нејзиното Височество ќе ги пречека претседателот и првата дама во Виндзорскиот замок. По нивното пристигање, почесната гарда составена од гренадири ќе даде кралски поздрав и ќе се интонира националната химна на САД.

Претседателот и првата дама потоа ќе ѝ се придружат на нејзиното височество за чај во резиденцијата на кралицата, замокот Виндзор.

Ова ќе биде петти пат монархињата да биде домаќин на американски претседател и прва дама во Виндзорскиот замок во последните неколку децении, по Доналд и Иванка Трамп во 2019 година, Барак и Мишел Обама во 2016 година, Џорџ и Лора Буш во 2008 година, Бил и Хилари Клинтон во 1995 година, Роналд и Ненси Реган во 1982 година.

Џо Бајден ќе биде 13-ти американски претседател што се сретнал со 95-годишната монархиња.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина