Утрински Весник
Свет

Џонсон: Британските пратеници треба да ги прифатат руските санкции како „почесна значка“

Dik 300x250 mk

Британските пратеници кои потпаднаа под руски санкции треба да ги сметаат овие ограничувања како белег на честа, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.

Тој рече дека сите членови на британскиот парламент кои се санкционирани, а ги има 287, треба на тоа да гледаат како„почесна значка”, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Британскиот пратеник Марк Харпер денеска изјави дека го поздравува потегот на Русија да воведе лични ограничувања за членовите на Долниот дом на британскиот парламент, велејќи дека е горд што се наоѓа на таа листа.

„Горд сум што сум на оваа листа со многу мои колеги од Долниот дом“, напиша Харпер на „Твитер“, додавајќи: „Русија навистина мрази да биде етикетирана поради нејзината нелегална инвазија на Украина и срамни воени злосторства што се таму извршени“.

Претходно денеска руското Министерство за надворешни работи соопшти дека воведува санкции за 287 членови од Долниот дом на британскиот парламент и им забрани влез во земјата.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште