Утрински Весник
Македонија

(Видео) Џафери во Украина: Сликите потсетуваат на Косово и Сребреница, ова е геноцид и ништо друго

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, придужуван од украинска делегација, денеска ја посети Украина, поточно киевската област и местата каде што, според тврдењата на украинските власти, се пронајдени масовни гробници.

„Чест ми беше да ја прифатам поканата лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од инвазијата на Руската Федерација кон Украина“, изјави Џафери за медиумите за време на обиколката.

Како што посочи тој, неговата посета е симбол на лична, институционална и поддршка од граѓаните на Република Северна Македонија кон народот на Украина и украинските институции.

„Нам, од Западен Балкан, свежи ни се сеќавањата од вакви слики што ги гледавме пред две децении. Свежи ни се настаните од Косово, Сребреница и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги ги гледаме овде.

Од тука можам да порачам дека лично ќе се залагам и институциите и граѓаните на Република Северна Македонија да ја пружат сета можна поддршка која што стои на располагање, заедно со нашите партнери од ЕУ и меѓународната зедница“, порача Џафери во изјава за медиумите додавајќи дека лично ќе се залага потресните слики кои ги видел при посетата, да го добиваат право име, а тоа е, како што рече, геноцид и ништо друго.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја