Утрински Весник
Македонија

Џафери тврди дека не штити никого: „Седицата на Анкетната комисија не беше закажана деловнички“

Џафери тврди дека не штити никого: „Седицата на Анкетната комисија не беше закажана деловнички“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери тврди дека ja oткажал седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните што ја закажал нејзиниот претседател Халил Снопче, бидејќи нејзиното закажување не било деловничко.

На дневниот ред на оваа седница имаше точки за за пожарот во модуларната болница, автобуската несреќа во Бугарија и состојбата во  Министерството за одбрана.

Џафери реагира дека не штити никого за кого надлежните органи и институции ќе констатираат дека имаат одговорност за случувањата на тие настани.

Џадери образложи дека Снопче требал да побара информација од МО, да почека таа да му биде дадена и потоа да ја достави на разгледување во Собранието. Со оглед дека тоа не го направил, Снопче не ги испочитувал процедурите и затоа тој како претседател на Собранието, а врз основа на овластувањата од членот 60 од Деловникот ја донел одлуката за отповикување на закажаната собраниска Комисија.

Покрај информацијата за МО, за пожарот во модуларната болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија, не можело да се расправа во собранието, затоа што тие сè уште се во истражна или судска постапка, рече Џафери.

Вчера пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија Халил Снопче го обини Џафери дека незаконски и неделовнички ја откажал седницата на оваа Комисија. Реагираа и семејствата на жртвите од несреќата во Бугарија.

Можете да прочитате

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус

Македонија отвора амбасада во Вилнус – нов чекор во стратешкото партнерство со Литванија