Утрински Весник
Македонија

Ќе има продолжен викенд карантин во Скопје, Штип, Куманово и Тетово

Ќе има продолжен викенд карантин во Скопје, Штип, Куманово и Тетово
300x250 (7)

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и донесе одлука за ограничување на движењето за време на претстојниот продолжен празничен викенд, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро ќе има во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково,Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Во сите останати градови полицискиот час да трае од утре (4 јуни) во 21 часот до задутре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Ss1

Повторното воведување на рестриктивните мерки следува по зголемениот број новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава во изминатите денови. Само во последното дененоќие се регистрирани 101 нов случај со Ковид-19, од кои најголемиот дел се од Скопје – 59. Заразени има и во Куманово-12, Штип-седум, Струга – шест, Тетово – пет, во Гостивар и Кочани има по три случаи, Пробиштип – два, а по еден случај во Прилеп, Велес, Охрид и Кавадарци.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати.са/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините

Тетовецот што опљачка казино во Лешок заврши во притвор

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Сончев, пролетно топол и сув викенд – Услови за краткотрајна нестабилност претежно во планинските предели