Утрински Весник
Свет

Јужно африканскиот сој на коронавирус потврден во Бразил

Јужно африканскиот сој на коронавирус потврден во Бразил

Бразил го забележа првиот случај на многу заразната варијанта на коронавирусот откриен во Јужна Африка, што претставува нова опасност за земјата со најголем број смртни случаи на ден во светот.

Минатата недела научниците од биомедицинскиот институт „Бутантан“ изјавија дека случај идентификуван кај жена во државата Сао Паоло може да биде нова локален вид.

Понатамошната анализа потврди дека ова е прв познат локален случај на видот кој циркулира во Јужна Африка и на други места, пренесува Ројтерс.

Научниците стравуваат од последиците помеѓу јужноафриканскиот сој и веќе широко распространетиот бразилски вид, познат како Р.1, кои се и заразни и можеби посмртоносни од оригиналната верзија на коронавирусот, и доведоа до пандемијата од Ковид-19.

Според некои студии, јужноафриканскиот сој е поотпорен на постојните вакцини.

Можете да прочитате

Крадец провалил во кафуле во Германија, касата не ја допрел, туку крадел торта и сладолед

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

По дводневен целосен прекин, Куба повторно има струја