Утрински Весник
Свет

Јужноафриканскиот вид ја намалува ефикасноста на вакцината на „Фајзер“

Јужноафриканскиот вид ја намалува ефикасноста на вакцината на „Фајзер“

Лабораториска студија на Универзитетот во Тексас (UTMB) открила дека јужноафриканскиот вид на Ковид-19 може да го намали нивото на антитела по вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за две третини, соопшти компанијата „Фајзер/Бионтек“.

Студијата покажа дека вакцината и натаму е способна да го неутрализира вирусот, но сè уште нема доволно докази дали јужноафриканскиот вид ја намалува ефикасноста на вакцината, се додава во соопштението.

Во студијата учествувале научници од УТМБ, кои создале вирус кој ги содржи истите мутации како и многу заразниот вид откриен во Јужна Африка, објави „Ројтерс“.

Истражувачите тестирале крв земена од луѓе кои примиле вакцина и откриле дека контактот со јужноафриканскиот вид ги намалува антителата за две третини, а нивните откритија се објавени во медицинското списание „Њу Ингланд журнал“.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Принцот Вилијам конечно проговори за здравјето на Кејт Мидлтон

Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај

Хамас: Израел ги враќа преговорите на почеток со измени на предлогот за прекин на огнот