Сите 4.066 членови на црквата Саранг-јеил во Јужна Кореја ќе бидат тестирани за коронавирус откако било откриено дека голем број луѓе се заразиле за време на религиозен обред на оваа верска група, пишува Си-ен-ен.
Градоначалникот на Сеул, Сео Јеонг-Хиуп изјавил дека 2000 членови на оваа верска конгрегација се веќе тестирани и испратени во самоизолација. Тој додал и дека градската служба работи со националната полиција која оди од врата до врата и ги испраќа луѓето на тестирање.
Досега 249 членови на црквата Саранг –Јеил се позитивни на ковид-19. Ќе бидат преземени и правни акции против првиот човек на црквата, кого градоначалникот на Сеул го обвини дека го прекршил законот за спречување на ширењето на коронавирусот.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Жае-ин денеска на Фејсбук објави дека остро ќе се пресмета со поединци, кои не го почитуваат законот и присуствуваат на настани кои се извор на масовна зараза.