Утрински Весник
Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Гордан Грлиќ Радман, МНР на Хрватска

Foto 5 1.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава.

Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка.


Претседателката искажа искрена благодарност за хрватското отворено и континуирано разбирање и поддршка на македонската интеграција, како и на принципиелниот став на Хрватска дека проширувањето на Унијата со Западен Балкан треба да се темели на реални заслуги, без билатерализација и вето.

Министерот Радман ја потврди подготвеноста на неговата држава да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес во рамките на Копенхашките критериуми, потенцирајќи дека македонската држава доби статус на кандидат за членство во ЕУ во март 2005 година, односно неколку месеци пред Хрватска.

Соговорниците очекуваат дека партнерството дополнително ќе се зајакне со Договорот за стратешка соработка со Владата на Република Хрватска, како и со претстојната официјална посета на Претседателката Сиљановска-Давкова на пријателска Хрватска, кон крајот на март.

Можете да прочитате

Ахмети: Без Албанците, Македонија нема иднина

Ивановски: Иднината на вселената е во рацете на вештачката интелигенција

МНТ СО ДВОЈНА ПОБЕДА: ПРВЕНЦИТЕ ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ И ТАЊА КОЧОВСКА НАГРАДЕНИ ВО ИСТ ДЕН НА ДВА ФЕСТИВАЛИ