Утрински Весник
Македонија

Југозападниот дел од Гевгелија денеска седум часа без струја

Без струја утре од Карпош и бензинската во село Чојле

Гевгелија, 17 февруари 2020 (МИА) – Корисничко – енергетскиот центар на ЕВН од Гевгелија, утрово потврди дека поради неопходни работи за осовременување на електро мрежата,денеска од 10 до 17 часот без електрично напојување ќе биде југозападниот дел од градот.

Седумчасовниот прекин на струја ќе ги опфати булеварот ,,Гевгелија“, населбата ,,Караорма“,, улиците ,,Маршал Тито“, ,,Солунска“, ,,Јосиф Јосифовски“, ,,Сараевска“, ,,Илија Миов“, и улицата ,,Моински пат“, со сите индустриски објекти на таа улица.

Од КЕЦ Гевгелија апелираат до граѓаните и правните субјекти,професионално или приватно,времето денеска да си го организираат според најавениот прекин на електрична енергија во југозападниот дел од градот. им/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Не постои национално ослободување без економско ослободување

Приведени две лица во угостителски објект во Тетово, при акциска контрола пронајдена дрога

Начевски: Да не беше Заев, Филипче немаше ни да влезе на „Бихаќка“, а камоли да ја води СДСМ