Утрински Весник
Македонија

Лани гевгеличани помалку позајмувале книги од библиотека

Лани гевгеличани помалку позајмувале книги од библиотека

Гевгелија,17 февруари 2020 (МИА) – Членовите на градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија, близу илјада на број, изминатава година прочитале околу 7.000 книги, што претставува намалување за триесетина отсто во споредба со последниве години кога се позајмувале и над 10.000 книги, велат библиотекарите.

-Главна причина за намалување на позајмените книги е недостатокот на нови наслови на рафтовите на библиотеката, кој доаѓа како последица на фактот дека поради финансиската ситуација лани се набавени помал број на нови книги, велат од библиотеката и посочуваат дека бројот на позајмени книги расте само во месеците кога се одржуваат саеми на книги.

Изминатава 2019 година, гевгеличани најмногу читале белетристика на љубовни теми од популарни писатели, трилери и авантуристички романи, а учениците најмногу ги читале лектирите.

Градската библиотека во Гевгелија располага со фонд од 60.000 монографски публикации, комплетирани и вкоричени дневни весници и списанија, референтна литература, ракописи, документи, албуми и видеоматеријали. им/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Падна првата оставка во СДСМ

Мицкоски: Ќе ја вратиме надежта на народот, резултатите ќе се почувствуваат во првите 100 дена на новата Влада

Силјановска: Има ли поголема промена од таа првпат жена да стане претседател