Утрински Весник
Спорт

Јуве, Барса и Реал најавија продолжување на проектот на Суперлигата

Јуве, Барса и Реал најавија продолжување на проектот на Суперлигата

Јувентус, Барселона и Реал Мадрид преку соопштение потврдија дека ќе продолжат со својот проект за организирање на Европската Суперлига, откако судот во Мадрид забрани УЕФА да ги казнува клубовите поврзани со натпреварувањето.

Проектот кој предизвика фудбалски земјотрес оваа година, изгледаше дека е пропаднат откако 9 од 12-те основачи (Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул, Тотенхем, Челси, Атлетико Мадрид, Интер и Милан) се повлекоа по осудата од страна на навивачите, но Јуве, Барса и Реал постојано тврдеа дека проектот е нужност.

Сега, по одлуката на судот во Мадрид да се престанат сите легални постапки против клубовите-основачи, се јавија и од Суперлигата.

„Барселона, Јувентус и Реал Мадрид ја поздравуваат одлуката на трговскиот суд во Мадрид, со која УЕФА веднаш мора да прекине со сите активности против основачите на Суперлигата, вклучувајќи ги сите дисциплински постапки. Судот го поддржа барањето на Европската Суперлига и посочи дека УЕФА ќе сноси кривични обвинувања доколку не го направи тоа. Случајот ќе биде разгледуван и на Европскиот суд на правдата во Луксембург, каде што ќе се разгледува монополската позиција на УЕФА во европскиот фудбал. Од таа позиција, тие штетат на фудбалот, а клубовите кои учествуваат во натпреварувањата имаат право да ги водат натпреварувањата. Нема да бидеме жртва на заканите на УЕФА, и ќе продолжиме со проектот на Суперлигата со конструктивност и соработка“, стои во соопштението.

> Јуве, Барса и Реал најавија продолжување на проектот на Суперлигата <

Можете да прочитате

Дончиќ најмлад прв НБА-стрелец во последните 12 години

Младиот Палмер решета мрежи во дресот на Челзи

Американците пријавија НБА-дрим тим за Игрите во Париз