Утрински Весник
Спорт

Корејците бесни на иранскиот шампион: Зошто дозволивте терорист да биде шампион?

Корејците бесни на иранскиот шампион: Зошто дозволивте терорист да биде шампион?

Корејскиот стрелач Џин Џонг-Ох го нападна Иранскиот олимписки комитет (ИОЦ) откако беше дозволено член на иранската Исламска револуционерна гарда да освои злато во дисциплината 10 метри воздушен пиштол со зборовите: „Како може терорист да освои златен медал?“.

Според шесткратниот освојувач на олимписки медал, Џин, Џавад Фуроги не смеел да добие дозвола да настапи на Олимпијадата бидејќи е член на Исламската гарда, организација која во 2019 од САД беше прогласена за терористичка организација.

ИОЦ доби жалба и од групата „Обединети за Навид“, организација формирана по егзекуцијата на иранскиот борач Навид Афкари поради протести против режимот.

„Ова е катастрофа за иранскиот спорт и за интернационалната заедница, а посебно за репутацијата на ИОЦ. 41-годишниот Фуроги е долгогодишен член на терористичка организација. Исламската гарда не само што врши насилство над Иранците, туку и над луѓето во Сирија, Ирак и Либан“, се вели во нивното известување.

Фуроги, кој призна дека бил на служба во Сирија од 2013 до 2015 година, на подиумот салутираше и изјави дека почнал со стрелаштвото во една болница во Сирија каде што работел како медицински персонал.

> Корејците бесни на иранскиот шампион: Зошто дозволивте терорист да биде шампион? <

Можете да прочитате

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата