Утрински Весник
Македонија

ЈСП апелира патниците во автобусите задолжително да носат маски

ЈСП апелира патниците во автобусите задолжително да носат маски

Апелираме до сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид-19 при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска, велат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

„Единствено со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот“, се наведува во јавниот апел на претпријатието од каде очекуваат истиот да биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје.

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа