Утрински Весник
Македонија

ЈП „Комунална хигиена“: Кон вработената која предизвика инцидент веќе е започната дисциплинска постапка

300x250 (7)

На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје кои месеци и години земале плата а не оделе на работа, денес им завршија договорите и истите не се продолжени, информираат од оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните  и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните, се појаснува во писмениот допис.

300x250 (7)

„Истовремено кон вработената во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје која денес предизвика инцидент веќе е отпочната дисциплинска постапка. Работниот процес мора да се одвива професионално и со почит кон секој. Претпријатието е отворено и транспарентно за сите граѓани и медиуми и во иднина нема да се дозволи недолично или несоодветно однесување во Претпријатието, а сѐ во насока на имплементација на реформи за подобри работни процеси во интерес на граѓаните“, е наведено во соопштението од ЈП„ Комунална хигиена“ по реакцијата на ЗНМ за малтретирани новинари од страна на службеници во Комунална хигиена при што беше побарано од МВР итно да реагира.

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово