Скопје, 24 април 2020 (/) – Waste No Love е последната песна што ја објави кантавторот Јон Иди. Оваа песна може да се смести во жанрот поп и поп-рок. Комплетен автор на песната е Јон. Тој, исто така, ги сними акустичната и електричната гитара, како и пратечките вокали. Песната е снимена во Студио Подрумот, со продуцентот Ангел Ќосев. Мастерингот го направи Бобан Апостолов – naBBoo.
Двете претходни песни на Јон Иди – Gentle и Walking the Line of Love, веќе станаа дел од плеј-листите на радио-станиците низ Балканот, но и на значителен број радио-станици во Европа.
Јон Иди е кантавтор од Скопје. Тој главно користи акустични инструменти, кои ги свири самиот, го пее водечкиот вокал, како и пратечките вокали. ац/