Утрински Весник
Македонија

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Soobrakajka.webp.webp

На 03.04.2026 во 21:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Зајас, кичевско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(69) од с.Зајас, кичевско и патничко возило „мицубиши” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(19) од с.Бачишта, кичевско, кој го управувал возилото без возачка дозвола, за што ќе следи соодветен поднесок.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото „мицубиши”,  С.А.(20) од с.Зајас и А.Р.(18) од с.Бачишта, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мицубиши” Б.А.(19) од с.Зајас, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.


Можете да прочитате

Штерјова: ОЈО да отвори истрага, има ли одлука на Собранието на Лотарија за лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра 

Стружанец починал по пад во ископ за бунар

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица