Утрински Весник
Магазин

Јапонската принцеза Мако се омажи за обичен граѓанин

Јапонската принцеза Мако се омажи за обичен граѓанин

Јапанската принцеза Мако се омажи за своето момче Кеи Комуро, обичен граѓанин без сина крв, објавија светските медиуми.

Веста доаѓа по години контроверзии околу финансискиот спор во кој била вклучена неговата мајка, што доведе до тоа парот да се откаже од традиционалните церемонии поврзани со кралски брак.

Принцезата Мако, внука на императорот Нарухито, го напушти својот кралски статус и стана Мако Комуро во семејниот регистар, со својата љубов од универзитетските денови.

Овластена агенција доставила правни документи за регистрација на бракот на Мако и Кеи во нивно име денес наутро, четири години откако нивната врска беше објавена во јавност.

Младенците, двајцата 30-годишни, се појавија заедно пред новинарите за првпат по четири години, но наместо вообичаена прес-конференција, кажаа неколку зборови и поделија писмени одговори на пет избрани прашања доставени од медиумите

Можете да прочитате

Ако сте родени на овие датуми, привлекувате пари како магнет

Здравствени придобивки од жалфијата – 24info.mk

Ова се најчестите показатели дека не внесувате доволно протеини во телото