Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Шилегов ги поддржува културните работници, а ВМРО-ДПМНЕ поддржa фестивал на Субрата Рој

СДСМ: Шилегов ги поддржува културните работници, а ВМРО-ДПМНЕ поддржa фестивал на Субрата Рој
Ss2

Шилегов и Град Скопје се пример за квалитетни културни политики во време на пандемија, посочуваат од градската организација на СДСМ.

„Градот Скопје и неговите културни институции работеа во текот на целата пандемија, под посебни протоколи, сите настани и фестивали се одржаа со уште поквалитетна програма од онаа пред пандемијата“, се наведува во соопштението.

300x250 (7)

Во него се истакнува проектот „Култура во време на корона“ со кој, како што се вели, на повеќе од 200 невработени уметници во Скопје им се овозможиле настапи среде карантин со солидарен, социјален и фиксен хонорар за нивниот ангажман.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да ги разбере живите уметници и живата култура и затоа единствен нивен проект од културата беше Скопје 2014, а единствениот нов фестивал во Скопје во нивно време беше Сахара Мировниот Фестивал на Субрата Рој. Бесмислено е ВМРО-ДПМНЕ да ги критикува живите уметници во Скопје, кога помина 12 години градејќи споменици на војсководци и политичари од минатото“, нагласуваат од СДСМ.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт