Утрински Весник
Економија

Јапонија најави проширување на санкциите кон Русија, ќе им го замрзне имотот на 70 компании и поединци

Јапонската влада ќе ги прошири индивидуалните и санкциите во однос на извозот од Русија, изјави премиерот Фумио Кишида на самитот на Г7 во Германија, пренесе јапонскиот јавен сервис NHK.

Според извештајот, Јапонија има намера да им ги замрзне имотите на 70 руски физички и правни лица поради ситуацијата во Украина и да воведе дополнителни санкции поврзани со извозот за уште 90 руски организации за кои официјален Токио смета дека имаат врски со одбранбената индустрија.

Новите пакет-мерки ќе ги забрани и сметководствените и доверливите услуги за Русија и увозот на руско злато како што претходно најавија од Велика Британија.

Јапонските власти досега воведоа неколку пакет-санкции против Русија на списокот со повеќе од 700 руски државјани. На црната листа се и Белорусија и самопрогласените народни републики Донецк и Луганск, како и над 200 руски и белоруски компании.

Можете да прочитате

Почнува Самитот на Македонија2025: Вечерва свечен прием кај претседателката, утре стартува главната програма

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот