Утрински Весник
Свет

Плевнелиев: Борисов ми кажа дека е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ

„Бојко Борисов ми кажа дека е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ“.

Ова за „БТВ“ го изјави поранешниот претседател на Бугарија – Росен Плевнелиев.

„Борисов е подготвен да го направи тоа и го има изјавено многу пати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил `за` европскиот развој на Бугарија. Партијата на Бојко Борисов никој не може да ја земе, тој ќе продолжи да биде главен фактор во оваа партија“ – рече Плевнелиев.

Тој објасни дека Борисов добро знае дека луѓето ќе сакаат да видат нови лица.

„Тој отсекогаш бил подготвен да ги стави одлуките пред сопственото его и деструктивност. И сигурен сум дека може да биде дел од позитивното сценарио во кое Бугарија забрзува со стратешки инвестиции, фондовите на ЕУ, влез во еврозоната и во Шенген“ – смета екс-претседателот на Бугарија.

За политичката ситуација во земјата, Плевнелиев рече дека во моментот се претпоставуваат избори.

„Дури тогаш се надевам дека ќе видам одговорен однос и ќе формираме влада на национална согласност за забрзана интеграција на Бугарија во срцето на Европа. Се надевам дека тоа ќе се случи“ – рече Плевнелиев.

Можете да прочитате

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија

Малолетничка по потекло од Црна Гора планирала да убива „неверници“ во Грац