Утрински Весник
Магазин

Додека барал злато, откопал мумифициран мамут

Рудар во северна Канада копал во потрага по злато, но нашол нешто неверојатно – мумифициран мамут.

Локалните палеонтолози пронајдокот го опишаа како „неверојатно животно од леденото доба“ за кој се смета дека е постар од 35.000 години.

„Мамутот е совршен, има сурла, мали уши. Се работи за најважното палеонтолошко откритие во Северна Америка“ вели Грант Зазула, палеонтолог.

Мамутот на поголемиот дел од телото ја има зачувано кожата и влакната. Познавачите велат дека мамутот имал околу еден месец кога угинал. Долг е околу 140 сантиметри, пишува „Гардијан“.

Геолозите пронашле и парче трева во стомакот на мамутот, што укажува на тоа дека ова младенче последните моменти од животот ги поминало на пасиште.

Неговото тело е добро зачувано затоа што, најверојатно, малиот мамут останал заробен во мочуриште пред да смрзне.

Можете да прочитате

Глобалниот форум за дизајн ќе ги собере врвните меѓународни дизајнери во Истанбул

„Евровизија“ меѓу политиката и мега-спектаклот: Кои се фаворитите за победа?

Дневен хороскоп за 11 мај 2026 година