Утрински Весник
Свет

Јанша за протестите против ковид мерките – нема да се откажеме

Јанша за протестите против ковид мерките – нема да се откажеме

По синоќешниот протест во Љубљана, на кој илјадници граѓани побараа укинување на епидемиолошките мерки и предвремени избори, се огласи и премиерот на Словенија, Јанез Јанша.

“Насилството на улица никогаш не носи ништо добро. Полицијата е должна да дејствува во согласност со законот. Владата нема да попушти пред секој притисок. Ќе се инсистира на спроведување на мерките за заштита на здравјето и животот на луѓето”, напиша Јанша на својот Твитер профил.

Имено, протестот стана насилен откако насобраната маса почна да пали факели, на што полицијата реагираше со водени топови и димни бомби.

Можете да прочитате

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска

Песков: Русија ќе преземе контрамерки ако нуклеарно оружје стигне до Балтикот

Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади