Утрински Весник
Свет

Шумски пожар уништи десетици домови во Австралија

Шумски пожар уништи десетици домови во Австралија

Шумски пожар кој гори североисточно од Перт во западна Австралија уништи 30-ина домови и продолжува да се шири. Локалните жители од целиот регион тврдат дека е предоцна за заминување, пренесува АП.

Пожарот, кој започна во понеделникот, зафати повеќе од 7.000 хектари земја во радиус од 75 километри во близина на градот Вуролу, а зафати и неколку блиски места.

Кевин Бејли, градоначалник на Свон, рече дека над 30 куќи биле уништени во пожарот и дека еден пожарникар бил пренесен во болница поради вдишување чад, како и дека никој друг не е повреден.

Властите во Западна Австралија тврдат дека областа погодена од пожарот се зголемила двојно во текот на ноќта, а пожарникарите ќе испитаат дали има жртви.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Песков: Русија продолжува да ја шири безбедносната зона, Киев ја продолжува ескалацијата

Најмалку 12 луѓе загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија

Франција: Од денеска уште девет департмани во црвена фаза на тревога поради горештините