Утрински Весник
Здрав Живот

Што треба да знаете за тестовите за коронавирус

Blood 20745 960 720
300x250 (7)

Какви корона-тестови постојат?

На пазарот се појавуваат се’ повеќе тестови за коронавирус. На крајот на април ширум светот имаше 150 различни производи. Тие, можат да се поделат главно водве групи:тестови кои докажуваат дека некој во себе го носи коронавирусот и со тоа потенцијално може да зарази и други лица, и серолошки тестови со кои се докажува дека некој веќе бил инфициран во минатото.

300x250 (7)

Доказ за акутна инфекција

За да се провери дали некој во моментот е инфициран и дали може да зарази други лица, најчесто се користи методот на Полимераза верижна реакција (ПЦР). Алтернативно постојат т.н. изотермични ДНА-амплификациски тестови, кои функционираат многу слично како ПЦР-тестовите.

Во двата случаи од пациентите се зема брис од усната шуплина. За тестирање е погоден и шлајм кој се исфрлил од белите дробови. Потоа, од пробата, со голем број чекори се размножува определен дел од геномот – на пример еден ген –  и на крајот со биохемиска постапка со име Агароза-Гелелектрофореза се утврдува дали во пробата имало вирусен геном.

Доколку биде најден геном, пациентит се смета за заразен. Доколку не се најде геном тоа се’ уште не значи и дека лицето во никој случај не е инфицирано. Се’ уште е можно да нема вируси во пробата, но тие да се присутни некаде на друго место во телото.

Тоа е можеби и објаснувањето зошто во одделни случаи пациентите со Ковид-19, кои веќе важат за излекувани, подоцна имаат позитивен резултат на ПЦР-тестовите. Веројатно во овие случаи вирусите биле цело време присутни, но не биле утврдени со тестот пред пациените да бидат отпуштени.

Инфектологот Кристијан Дростен тоа во својот подкаст за телевизијата НДР го спореди со обид во корито да се фати златна рипка со торба за стрели. Ако торбата се извади од водата и во неа нема риба, тоа не значи и дека нема риби во коритото.

Доказ за инфекција во минатото

Серолошките тестови (ELISA) докажуваат присуство на антитела во крвта на тестираното лице, кои имунолошкиот систем ги активирал против вирусот. Тоа значи дека телото веќе покажало имунолошка реакција на инфекција со определен вирус. За таа цел, тестираното лице мора да даде крв, која потоа се тестира во лабораторија.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Извор: dw.com

фото: pixabay.com

Ss1

Можете да прочитате

Газирана вода го намалува апетитот

Ljuljeta

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

Ljuljeta

Јадете овој вид на протеини за да живеете подолго

Jana