Утрински Весник
Македонија

Одржувањето на избори во моментот не е во агендата на ДУИ, вели Османи

Јавна расправа за иницијативата за промена на изборниот модел

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека одржувањето на изборите во моментот не е дел од агендата на Демократската унија за интеграција и оти ставот на партијата е оти одлуката за избори ќе ја донесе Комисијата за заразни болести.

– Ако ме прашувате како претставник на ДУИ, можам да кажам дека изборите не се воопшто ниту една од темите во агендата на ДУИ. Ние имаме две основни цели – едното е здравствената криза со пандемијата и социоекономските проблеми кои ги создава. Се друго што се наметнува како тема, сметаме дека е дефокусирање на институциите и на политичката и општествената енергија во решавање на овие две проблеми, нагласи Османи. см/бак/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје