Утрински Весник
Македонија

Излетничките места во гевгелиско празни за празникот на трудот

Излетничките места во гевгелиско празни за празникот на трудот

Гевгелија,1 мај 2020 (МИА) – За првомајскиот викенд излетничките места во Гевгелија и поблиската околина на градот, како никогаш досега, се празни. Наместо сликата од претходната година, кога на денешен ден се бараше место повеќе да се помине денот во природа, денеска е пусто.

И покрај тоа што забраната за движење почнува од 14 часот, гевгеличани процениле дека немаат доволно време затоа што додека да стигнат до излетничките места ќе треба да се враќаат и назад.

Го нема џагорот, не се слуша музика, мируваат детските лулашки и разни реквизити за игра, нема распалени скари на терените на Негорските минерални бањи и традиционалните излетнички места Динќут и архиолошкиот локалитет Вардарски рид кое некогаш беше култно место за собирање на гевгеличани.

Ова претставува потврда дека жителите на општина Гевгелија, каде во моментов нема регистрирани пациенти заразени од Ковид-19 доследно и примерно ги почитуваат препорачаните мерки за заштита од ширење на коронавирусот, што синоќа на состанок на општинскиот кризен штаб беше резимирано и од страна на градоначалникот Сашо Поцков. Тој изрази благодарност до граѓаните кои покажуваат висок степен на дисциплинираност во борбата со пандемијата.им/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени малолетни разбојници кои со закана одзеле пари во Центар

МЕТЕО НАЈАВА: ДОАЃА ЦИКЛОН ОД МЕДИТЕРАНОТ – Од утре попладне до петок на повеќе места низ Македонија врнежи и грмежи, се очекува локално невреме

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД што ги откри Спилберг и Џорџ Лукас