Утрински Весник
Македонија

Штипскиот пазар ќе работи два дена

Штипскиот пазар ќе работи два дена

Штип, 29 април 2020 (МИА)  Градскиот Пазар во Штип ќе работи два дена. Оваа одлука е донесена од страна на штипското комунално претпријатие „Исар“, кое стопанисува со овој објект. Директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев на денешната прес-конференција истакна дека одлуката е донесена со цел во петок, на 1 мај да не се создаваат големи гужви на пазарот.

– Сакам да ја информирам јавноста дека Градскиот Пазар ќе работи два дена и тоа во четврток од 7 до 18 часот и во петок од 7 до 13 часот. Повик до граѓаните дека при посетата на пазарот задолжително е носење на маски, вели Тасев.

Во наредните два дена на пазарот ќе има и волонтери, кои ќе контролираат дали граѓаните носат заштитни маски, а оние кои немаат маски нема да се пуштат во пазарот.

– Како и минатата недела и денеска правиме дезинфекција, а и по завршувањето на првиот пазарен ден утре ќе се направи повторно дезинфекција, вели Тасев.

Апелираше граѓаните кои се над 65 години да го почитуваат времето кое им е дозволено за да се движат. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”