Утрински Весник
Свет

Шпанците негодуваат на владината одлука за ограничување на температурите на клима уредите

Ss2

Одлуката на шпанската влада да им забрани на граѓаните клима уредите да се поставуваат на температура пониска од 27 Целзиусови степени во канцелариите, продавниците и другите бизниси во текот на летото, предизвика бран на огорченост во земјата, пишуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Оваа одлука се објаснува со плановите за намалување на потрошувачката на енергија во земјата и ограничување на зависноста од рускиот гас.

Ss1

Со оваа уредба, која беше објавена во вторникот наутро, се забранува и греењето да се постави на температура повисока од 19 степени во зима.

Правилата ќе бидат задолжителни во сите јавни и комерцијални објекти, вклучувајќи барови, кина, театри, аеродроми и железнички станици, а за шпанските домаќинства важат како препорака.

„Сега, особено со оглед на топлотниот бран што го доживуваме, мислам дека ќе биде многу топло на 27 степени. Можеби би помогнало да се 25 степени, но не и 27“, изјави Андреа Кастиљо од Универзитетот Кастелон за Еуроњуз.

Лаура Берге, работник во јавниот сектор во Валенсија, ја доведува во прашање практичноста на ова ограничување.

„Општо земено, тоа може да се направи на 27 степени, но за да се постигне таа температура во топли подрачја, треба да ја намалите температурата на клима уредот на 22 или 23 степени за неколку часа“, изјави таа за „Euronews“.

„Доколку температурата беше трајно ограничена на 27 степени, клима уредите ќе требаше да се вклучат многу порано, што би било контрапродуктивно во однос на заштедата на енергија“, објаснува таа.

Со тоа се согласува и нејзината колешка Марија Изабел Руис.

„Јас сум за заштеда на енергија а тоа бара жртви, но овие предложени температури не се соодветни“, вели таа.

„Треба да се воведе опсег од два или три степени на разлика за да се прилагодат температурите внатре со оние надвор, бидејќи секој регион во Шпанија е различен“, додава таа.

Владата го усвои овој закон како дел од напорите за намалување на потрошувачката на гас во земјата за седум отсто во согласност со новите енергетски договори на Европската Унија, чија цел е ограничување на зависноста од рускиот гас.

„Јасно ни е дека овој потег придонесува за заштеда на енергија и е добар за климатските промени, но се плашиме дека ќе има влијание врз многу семејства, особено на најранливите“, вели Ана Изабел Гарсија, секретар за социјална политика и домување во шпанскиот синдикат.

„Наместо да се донесат глобални мерки, тие да се прецизираат за различни објекти кои ќе имаат различни температури. Не е исто да се работи, на пример, на место каде што има многу машини, а температурата е многу висока и во друга средина каде што тоа не е случај“, објаснува таа.

Шпанската министерка за животната средина, Тереза ​​Рибера, рече дека мерките – кои вклучуваат исклучување на светилките на излозите по 22 часот, но не и улично осветлување – првично ќе бидат во сила до ноември 2023 година.

Таа ги охрабрува Шпанците да се приклучат на заштедите и вели дека тоа не само што ќе го намали нивото на потрошувачка, туку и ќе ги намали сметките за енергија во домаќинствата.

Ss1

Можете да прочитате

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Крокус во Москва

Глобалниот капацитет на електрани на јаглен во 2023 година на највисоко ниво на сите времиња

Цивилна одбрана во Газа: Речиси 400 тела пронајдени во масовна гробница во болница