Утрински Весник
Свет

Шпанскиот крал е во изолација поради контакт со заболен

Шпанскиот крал е во изолација поради контакт со заболен

Шпанскиот крал, Фелипе Шести (52) во понеделникот започна 10-дневен карантин, откако бил во близок контакт со лице заразено со коронавирус.

Кралот ги откажал сите јавни собири за време на карантинот.

Кралицата Летиција и нејзините две ќерки ќе продолжат со планираната кралска програма, пишува Ројтерс.

Шпанија од почетокот на пандемијата регистрирала 1,58 милиони случаи на коронавирус, а 43.131 починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска