Утрински Весник
Економија

Шолц: Одлуката на ЕУ за шестиот пакет санкции ќе влијае на економскиот развој и просперитетот на Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц на денешната прес-конференција по вонредниот состанок на Европскиот совет изјави дека одлуката на Европската унија за шестиот пакет санкции ќе влијае на економскиот развој и просперитетот на Русија.

Околу 90 отсто од увозот на нафта во Европа е покриен со ембаргото. Исклучокот за нафта од нафтоводот што се испорачува до некои земји во Европа овозможи заеднички договор, објасни Шолц.

– Ова беше важно, бидејќи преодните мерки што треба да ги преземат овие земји не успеаја толку брзо да се финализираат – рече тој.

Германија и Полска продолжуваат со напорите да станат независни од руската нафта до крајот на годината, изјави германскиот канцелар, пренесе аваз.ба.

Можете да прочитате

Цените на нафтата паѓаат – 24info.mk

Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% НА 10% – задолжително усогласување на фискалните системи!

Стабилизирани цените на горивата – 24info.mk