Утрински Весник
Свет

Шолц: Неприфатливо е Русија да и ги диктира на Украина условите за договор

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера во Киев повтори дека би било неприфатливо Русија да и ги диктира на Украина условите за мировен договор, од кој двете земји, како што рече, се далеку.

„Русија мора да го знае тоа“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и украинскиот лидер Володимир Зеленски, пренесува ТАС.

Како што рече германскиот канцелар, само Украина, нејзиниот претседател, парламентот и народот можат да ја дефинираат рамката на мировниот договор со Русија.

Тој оцени и дека Москва и Киев се „сè уште многу далеку“ од таков договор, пренесе Блиц.

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп