Утрински Весник
Свет

Шолц наскоро ќе го посети Западен Балкан

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, денеска изјави дека ќе отпатува за Западен Балкан, пред состанокот на Европскиот совет, кој е закажан за следниот месец, со цел да му ја пренесе пораката на регионот дека има место во Европската унија.

„Шест земји од Западен Балкан со аспирации за ЕУ, Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, веќе се во повеќегодишен реформски процес“, изјави Шолц пред пратениците во Берлин, а пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде: „Денеска, повеќе од кога било, нивната интеграција во ЕУ е во стратешки интерес на Брисел“, посочувајќи, според наводите на „Ројтерс“, на влијанието на странските сили во регионот, вклучително и Русија.

„Почитувањето на нашите обврски кон нив не е само прашање на нашиот кредибилитет“, порача Шолц.

Можете да прочитате

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале

Во април благ пораст на светските цени на месото, растителните масла и житарките

И шпанските студенти подготвуваат протести против Израел