Утрински Весник
Свет

Шолц ги повика граѓаните заеднички да се соочат со економските проблеми

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика граѓаните заеднички да се соочат со економските проблеми кои ја тресат Германија, особено инфлацијата и најави дека ќе се одржи состанок на експерти на кој ќе се обиде да даде одговор на тоа прашање.

„Мораме да се држиме за раце и да се држиме заедно“, рече Шолц.

Додаде дека поскапувањето е голем проблем кој мачи многу граѓани и со право.

„И затоа мора да дејствуваме заедно“, истакна Шолц.

Тој ги покани синдикатите, работодавачите, Бундесбанката и академиците, повикувајќи се на напорите од 1960-тите и 1970-тите, да разговараат за тоа што треба да се направи.

„Само повисоките плати и социјалните бенефиции можат одржливо да ја компензираат штетата на луѓето со средни и ниски примања“, изјави за ДПА Марсел Фрацшер, претседател на Германскиот институт за економски истражувања (DIW).

Еднократните плаќања, од друга страна, на многумина не им користат, рече Фрацшер, пренесува Хина.

Можете да прочитате

Израел соопшти дека во Ал Шифа се убиени повеќе од 200 борци на Хамас

Уште два смртни случаи, а повеќе од 100 хоспитализирани во Јапонија по земање додатоци во исхраната

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост