Утрински Весник
Македонија

Шилегов со ветување за следниот мандат: 4 милиони евра за инвертер клими и субвенции за 30.000 велосипеди

Шилегов со ветување за следниот мандат: 4 милиони евра за инвертер клими и субвенции за 30.000 велосипеди

Во следниот мандат издвојуваме еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години. Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето, потенцираше актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Петре Шилегов.

Тој истакна дека во изминатите четири годни градот се грижел за животната средина и нејзиното унапредување како никогаш порано.

„Оваа стратегија даде резултат, денес живееме во град со почист воздух, со повеќе алтернативен превоз како велосипеди, а граѓаните ги заменија нееколошките печки со еколошко греење“, нагласи Шилегов.

Потсети и дека за четири години доделени биле 15.000 субвенции за велосипеди и 700 електрични тротинети.

„Во следниот мандат, оваа бројка ја зголемуваме за двојно и предвидуваме субвенции за 30.000 велосипеди“, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓа

15 годишник со „Мерцедес“ удрил во велосипедист во Куманово

Инспекторката од АХВ барала мито од 250 евра, сега ОЈО за неа бара притвор