Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Во март се очекува да пристигнат 17 еколошки автобуси

Шилегов: Од февруари низ скопските улици ќе возат 33-те автобуси на гас

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Околу 12 март се очекува да пристигнат од 17 до 33 нови еко-автобуси во Скопје, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој во одговор на новинарско прашање информира дека еко-автобуските во моментов се наоѓаат во фабриката на МАН на увид. Еко-автобусите, додаде тој, се со црвена боја иста како и останатите автобуси во Скопје како заштитен знак, а внатрешноста на овие автобуси уште се работи.

– Од јавното сообраќајно претпријатие денеска ми ги пратија сликите од еко-автобусите, а во моментов МАН врши нивен надзор. Нашиот МАН е премиум производител, не е некој непознат кинески произведител, со кои сега имаме проблем во набавка на новите делови, поради коронавирусот, рече градоналаникот Шилегов.бт/мс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ