Утрински Весник
Македонија

Исчистена голема дива депонија во Кочани

Исчистена голема дива депонија во Кочани

Кочани, 25 февруари 2019 (МИА) – Инспекциските служби од Општина Кочани и механизација на КЈП „Водовод“ претпладнево го исчистија натрупаниот комунален и друг вид отпад на една од најголемите диви депонии лоцирана во градската населба Трајаново Трло.

Акцијата за расчистување е дел од активностите на локалната самоуправа за спречување на исфрлањето отпад од страна на месното население коешто живее во месноста Колерски гробишта во оваа населба. Просторот што се наоѓа непосредно до повеќенаменското спортско игралиште, веќе со години се претвора во дива депонија, на која надлежните служби реагираат многу често, изнесувајќи го создадениот отпад со товарни возила.

– Граѓаните од оваа населба го критикуваа некоректното однесување на дел од нивните соседи, кои и после комуналните интервенции, за кратко време ова место за живеење повторно го претвораат во големо ѓубриште. Покрај комуналниот отпад што несовесно се изнесува, овде се исфрлаат пластика, старо железо и хаварисани возила. Ние позитивно одговоривме на барањата на граѓаните за отстранување на депонијата, истакна Александар Јосифов, секретар на Општина Кочани.

Денешната акција за расчистување доаѓа по писмените опомени упатени кон дел од месното население во Трајаново Трло, за отстранување на исфрлениот кабаст отпад. Откако беше изнесен отпад со осум камиони, исчистениот простор беше израмнет со градежни машини.

Комуналните служби во Општина Кочани упатуваат повик до сите граѓани совесно да се однесуваат кон животна средина, бидејќи се санкционира секое неконтролирано исфрлање отпад. та/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”