Утрински Весник
Македонија

Шефот на дипломатијата Димитров на 56. Минхенска безбедносна конференција

Шефот на дипломатијата Димитров на 56. Минхенска безбедносна конференција
300x250 (7)

Минхен, 14 февруари 2020 (МИА) – Шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска и утре престојува на 56. Минхенска безбедносна конференција.

Димитров на конференцијата присустува на покана на нејзиниот претседавач амбасадорот Волфганг Ишингер, а предвидено е тој да учествува на повеќе сесии во рамките на конференцијата.

300x250 (7)

Шефот на дипломатијата ќе се обрати на панел дискусијата „Нови сојузи за зголемена издржливост во европското соседство“, на тркалезната маса насловена „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на З. Балкан напред“, како и на дебатата во организација на Охридската група на тема „Незавршена работа? Европската Унија и Западен Балкан“.

На маргините на конференцијата планирани се и повеќе билатерални средби со негови колеги министри, високи претставници и учесници на овогодишната Минхенска безбедносна конференција, на која се очекува да се дискутираат прашања поврзани со хибридните безбедносни предизвици, одбранбената соработка, енергетската безбедност, мултилатерализмот, меѓународната трговија, транснационалната безбедност, како и предизвиците со климатските промени и иднината на  Европската Унија и НАТО.

Минхенската безбедносна конференција, низ петдеценискиот период од своето постоење се етаблира како светски водечки форум за меѓународна безбедносна политика, обединувајќи ги политичките елити и претставниците на академската заедница и на еминентни невладини организации на едно место, каде ќе разговараат за најактуелните безбедносни и политички теми. ац/бк/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Се што треба да знаете ако утре гласате за прв пат во својот живот

ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени

Гласаат 6.935 болни, затвореници, лица во старските домови – молк пред утрешните претседателски избори, тече кампањата за пратеници