Утрински Весник
Македонија

Шест лица од општините од источниот регион не го почитувале полицискиот час

Шест лица од општините од источниот регион не го почитувале полицискиот час

Штип, 25 март 2020 (МИА) – На подрачјето на СВР Штип изминатото деноноќие, поради непочитување на мерката полициски час приведени се шест лица, информира преку соопштение портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. По едно лице се во Виница и Берово, а по две во Делчево и Кочани.

-Од двете лица во Кочани кои што не го почитувале полицискиот час едно е малолетник. По документирање на кривично правните настани, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Таа посочува дека на територија на СВР-Штип, во чии рамки се повеќе општини од источниот регион со мерка решение за здравствен надзор и домашна изолација, вкупниот број на граѓани е 64, додека со птпишана изјава за самоизолација се 626 лица. вдј/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ги слуша ли Филипче реакциите од народот или е зафатен со фантазирање?

Уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило меѓу нив и тројца малолетници 

Автомобил прегазил двајца пешаци во Скопје