Утрински Весник
Македонија

Шеста жртва од експлозијата во Романовце, почина 63-годишна жена

Шеста жртва од експлозијата во Романовце, почина 63-годишна жена

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Почина 63-годишна жена која беше меѓу повредените во експлозијата на плинска боца што се случи минатиот викенд во кумановското село Романовце, потврди за МИА директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Илир Хасани.

Ова е шеста жртва од експлозијата. На самото место на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години, подоцна во болница почина и 58-годишен маж, а пред три дена на здобиените повреди им подлегна и 36-годишна жена. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата